СДСМ: Мицкоски откри дека со криминални пари на Груевски планира да ја финансира партијата

„Денеска, извршителот Христијан Мицкоски, стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ со долг од 8 милиони евра, откри дека со криминални пари на својот шеф Никола Груевски планира да ја финансира партијата!? Конечно, Мицкоски признава дека е зависен од парите на својот ментор, кому сè му должи“, соопшти СДСМ.

Според партијата, денешниот повик за донации до познатото трио Груевски-Камчев-Мијалков е повик за поддршка на криминалот и неправдата, за поддршка на обидите за обнова на режимот, против правдата и против напредокот на земјата.

„Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ раководена од извршителот Мицкоски, а управувана од Груевски.
Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Тоа е истата партија, симбол на криминал и корупција.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразено на 12 април. Граѓаните ќе порачаат – режим никогаш повеќе“, се додава во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега