Прокредит Банка планира да дава повеќе кредити годинава

 

Прокредит Банка минатата година ја заврши со актива од 245 милиони евра, што е за 13,1 отсто повеќе во однос на 2011 година и депозитна база од 153 милиони евра и пораст од 5,4 отсто. Кај кредитите забележан е пораст од 13,2 отсто. Првиот кваратл од годинава за манџментот на Банката е добар старт.

Генералната директорка Јованка Јолеска-Поповска на денешната прес-конференција истакна дека од почетокот на годината се исплатени 2.768 кредити во износ од 39 милиони евра и претставува 13,01 отсто пораст во однос на првиот квартал од 2012 година. Процентот на кредитите кај кои има задоцнување во исплатата над 90 дена во 2012 година, како што рече, Јолеска-Поповска, е 2,74 отсто.

Таа додаде дека минатата година 70 отсто од кредитите биле краткорочни, а во 2013 година поголемиот дел се за инвестиции, што значи дека заживува инвестициската активност кај претпријатијата.

Посочи дека за оваа година имаат планиран пораст на кредитното портфолио за 10 отсто и дека ќе бидат фокусирани на производствениот сегмент на малите и средни компании, земјоделско и органско производство, како и кредитирање  во доменот на енергетско ефикасни инвестиции

најчитано сега