Милошоски: Катица и Боки не можеле да рекетираат сами

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антони Милошоски изрази длабок сомнеж дека Катица Јанева и Бојан Јовановски сами можеле да рекетираат бизнисмени за милионски суми без поддршка од власта во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

-Мислам дека Катица Јанева и Бојан Јовановски, двајцата како пар немаат капацитет личен ниту инститтуционален да направат рекетирање на толкав голем број стопанственици без да имаат поддршка дополнителна од дел од власта. Дали е тоа извршна власт дали е премиер, дали е министер, дали е полиција, дали е некој друг битен во судскиот или обвинителскиот систем тоа ќе си докаже истрагата во иднина, вели тој.

Заев бил во тек со сите постапки на Катица Јанева истакна Милошоски додавајќи дека Зоран Заев ја потврди автентничноста на снимката која тој ја објави во текот на вчерашниот ден со што воедно ја потврди и својата блиска релација со Јанева.

-Се гледа дека Заев немал принципи кога зборел за реформи во правосудстовото. Односно едно зборел во јавноста, а на поинаков начин делувал бидејќи според втората објавена снимка се гледа дека господинот Заев и тој не го негира тоа тој бил во блиско содејство со судии од Апелација, Врховен суд и во многу блиска релација со госпоѓата Катица Јанева како обвинителка каде што во еден сегмент кажува дека без Заев ништо не се може. Катица знае и мора да помага на таков и таков начин, рече Милошоски

Тој напомена дека во мај 2019-та година Заев и СДСМ се уште стоеа зад Јанева и инсистираа таа да биде дел од Републичкото јавно обвинителство.

-Во месец мај 2019-та година Заев разговара со соработниците за Јанева како за свој соработник која што е во тек со се, тој тврди дека уште во април го пријавил случајот „Рекет“. Ние со Десковска во мај водевме преговори за Законот за јавно обвинителство СДСМ инсистираше дека Јанева ќе добие трансфер во Републичкото јавно обвинителство, вели Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега