Словенија може да ги затвори границите поради коронавирусот
Словенечкиот премиер Марјан Шареч изјави дека Словенија е подготвена да ги затвори границите доколку се зајакне ризикот од појава на коронавирус, јавуваат словенечките медиуми.
-Поради ширењето на коронавирусот Словенија ќе ги затвори границите доколку тое потребно, односно, ќе спроведе мерки кои се сразмерни и одговараат на приликите до кои може да дојде, рече Шареч.
Според него, словенечката влада и здравствените институции дневно ги следат случувањата поради веројатниот ризик дека вирусот ќе се појави во Словенија.
24.02.2020 - 23:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа