Со стаклени шишиња по обезбедувањето на дискотека - пијани штипјани направиле хаос
Инцидент пред дискотеката „Ајс“ во Штип. Синоќа триесет минути по полноќ пред дискотеката дошло до физичка пресметка помеѓу 30-годишниот В.А. 28-годишниот Е.А. и 20-годишниот И.А. од една страна и 25-годишниот К.К. 33-годишниот Д.М. 34-годишниот В.Г. и 32-годишниот А.Н. од друга страна.
Групата насилници била предупредена од страна на обезбедувањето на штипската дискотека да запрат со нарушувањето на јавниот ред и мир, по што биле изведени надвор при што започнала расправија која кулминирала со тепачка.
Во еден момент И.А. фрлил стаклено шише со кое во пределот на главата го повредил С.С. по што избегал во непознат правец.
Лицата се приведени. При алкотестирањето е утврдено дека биле пијани за време на инцидентот.
18.10.2013 - 13:07