Том Круз поради коронавирусот прекинал снимање на филм - веднаш ја напуштил Италија

 

Славниот актер Том Круз, како што пренесуваат медиумите, го прекинал снимањето на седмиот дел од филмот „Невозможна мисија“ во Италија, поради коронавирусот од кој се заразени многу Италијанци.

Екипата која работи на филмот ги спакувала куферите и заминала од Венеција, каде се снимале некои кадри.

-Поради голема загриженост за безбедноста и здравјето на нашата екипа, а по совет на венецијанските власти дека јавните собирања треба да се избегнуваат, одлучивме да го прекинеме планираното тринеделно снимање во Венеција - соопштиле од студиото „Парамаунт“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега