Зидан: Гвардиола е најдобар тренер во светот
Манчестер Сити и Реал Мадрид утревечер ќе играат на „Етихад“ во првиот осминафинален дуел во фудбалската Лига на шампиони. „Кралевите“ пристигнаа во Англија, а Зинедин Зидан ја одржа и официјалната прес-конференција пред натпреварот, на која, меѓу другото, одговори и на прашањето: „Кој е, според него, најдобриот тренер“.
-Пеп Гвардиола. Покажа дека е најдобар во секој клуб во кој беше досега. Прво во Барселона, па во Баерн и сега во Сити. За други можеби е некој друг тренер најдобар, но за мене тоа е Пеп, рече Французинот на клупата на Реал М.
Утрешниот натпревар на „Етихад“ го најави како спектакл, со оглед дека англиско-шпанската фудбалска пресметка е дерби во осминафиналната фаза во ЛШ.
-Тоа нема да биде дуел меѓу Зидан и Гвардиола, туку на Сити и Реал. Такви натпревари сакаат да гледаат луѓето. Ќе биде спектакл и пресреќни сме што можеме да го понудиме, додаде Зидан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа