Крива Паланка: Се нагостиле па го претепале сопственикот на угостителскиот објект кога дошло време за наплата
Пред неколку денови на улицата Коце Металец во Крива Паланка, неколку минути пред полноќ, 23-годишниот П.С. заедно со 28-годишниот М.И. 24-годишниот Н.К. и 27-годишниот А.Д. поради наплата на сметка во угостителскиот објект „Облаче“ започнале да го малтретираат и навредуваат, а потоа и физички го нападнале сопственикот на објектот Г.К. кој завршил со телесни повреди.
Бесниот П.С. физички го нападнал и таткото на Г.К, при што му нанел тешка телесна повреда.
18.10.2013 - 13:58