Пронајдена бомба на покривот на Детската клиника во Загреб

Во Загреб утрово била пронајдена бомба на покривот на Клиниката за детски болести.

Бомбата  ја пронашле работниците кои го реновираат покривот на Клиниката, а според хрватските медиумите експлозивната направа најверојатно е заостаната од последната војна. 

- Направата веќе требаше да биде уништена, но операцијата е комплицирана бидејќи докторите замолија да се чека. Кога тие ќе дадат зелено светло ние ќе почнеме со уништувањето, изјави водачот на единицата деминери при Министерството за внатрешни работи, Здравко Модруш.

18.10.2013 - 15:09

најчитано сега