Легализирани уште 44 објекти во Кисела Вода

 

 Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска додели уште 44 решенија за легализација на бесправно изградени објекти и уште еднаш ги повика граѓаните да ја комплетираат својата документација.

- При легализацијата на дивоизградени објекти главна улога имаат граѓаните и општината. Ги повикувам сите граѓани да ја комплетираат својата документација. Крајниот рок за доставување на елаборатот е 18 јуни 2014 година, рече Беличанец - Алексиќ.

Градоначалничката на Кисела Вода воедно потсети и на мерките на Владата за финансиско олеснување на процесот на легализација за социјално ранливите категории.

- Оваа поволност треба да биде дополнителен поттик за сите корисници на социјална парична помош, корисниците на постојана парична помош, како и самохраните родители на деца со пречки во развојот. Нека ја искористат можноста што им ја дава државата и што поскоро нека ја заокружат процедурата за легализација, потенцира Беличанец – Алексиќ.

Беличанец потенцираше дека со новите детални урбанистички планови, на граѓаните и бизнис заедницата им се дава шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките.

18.10.2013 - 15:34
Фото: 
Канал5

најчитано сега