Жерновски не сака барок - ЕЛЕМ, ЕВН и ГТЦ сакаат нова фасада

Градоначалникот на општина Центар и советниците од "Сојузот за иднината" вчера на прес конференција излегоа со информција  дека со неизгласувањето на трите ДУП-ови се спречи реконструкцијата на како што изјави Жерновски, „репрезентите на современата македонска архитектура – ГТЦи зградата на ЕВН.“
"Успеавме да ги спасиме ЕВН и ГТЦ. Објектот на ГТЦ е изграден по конкурс на југословенско ниво како првонаграден проект, добитник е на националната награда "11 октомври" и добитник на највисоко југословенско архитектонско признание. Зградата на ЕВН е претставник на "Ѕид завеса" – правец во архитектурата", рече градоначалникот на општина Центар, Жерновски.

Од ЕВН Македонија не сакаат да ги коментираат изјавите и одлуките на општинските власти само уште еднаш ја повторија потребата за реконструкција на зградата.

Потребата од реконструкција на фасадата на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН Македонија е стара неколку години, дури и од времето на поделбата на старото ЕСМ.  Тогаш АД ЕЛЕМ и ЕВН ги поделија согласно договорот за продажба на дистрибуцијата спратовите и просториите. И двете компании мораа да направата внатрешни преуредувања, а остана фасадат која има недостатоци: проблеми со изолацијата - топлење и ладење на просториите како и протекување на некои места, а за среќа од паѓањето на неколку прозорци немаше посериозни проблеми. Новата фасада на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН е планирана пред неколку години и двете компании гледаа да ги запазат сите потребни процедури и избор на идејни решенија и проекти, таа ќе биде енергетски ефикасна, и со неа ќе се анулираат сите недостатоци, а стилот само е одбран за да се вклопи во целиот амбиент на плоштадот. 

Со сличен став и дуќанџиите во ГТЦ. Тие велат дека се потешко се заработува во овој објект. Според нив, условите се катастрофални, речи си и да нема тоалети, а фактот дека во Скопје се отворија неколку модерни затворени трговски центри, конкуренцијата е далеку пред нив. Покрај тоа, се повисоки стануваат и сметките за одржување на дуќаните а од година во година, прометот е понизок и има се помалку потрошувачи. 

18.10.2013 - 16:57

најчитано сега