Прегазена девојка во Тетово - со тешки повреди префрлена во болница во Скопје
Во сообраќајна несреќа која се случила попладнево во Тетово со потешки повреди се здобила А.Р.(25) откако врз неа налетал и удрил автомобил „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблички што го управувал А.А.(20) од селото Мерово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите информации сообраќајката се случила на улицата „Видое Смилевски Бато“ при што А.Р. се здобила со фрактура на десното рамо, потрес на мозокот и внатрешно крварење. По укажаната лекарска помош во тетовската болница таа во бесознание, како итен случај била пренесена на скопските клиники.
-Возачот и автомобилот се обебзедени а полицијата, истражен судија и јавен обвинител во мометот вршат увид на местото од сообраќајката изјави Јосифовски.
Тој посочи дека според нивните податоци во изминатите 9 месеци од годинава на поширокото тетовско подрачје имало вкупно 628 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле 7 лица, 56 завршиле со исто толку тешко повредени лица, а 181 со 293 телесно повредени лица додека 389 од несреќите биле само со материјална штета што се проценува на околу 24.882.000 милиони и 882 илјади денари.