Мало поскапување на бензините - Регулаторна ги објави новите цени на горивата
Бензинот од 98 октани поскапува за половина денар, цената на дизелот не се менува. Регулаторнта комисија за енергетика ги утврди новите цени на горивата кои ќе стапат во на сила од полноќ
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се променуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени согласно Одлуката од 22.04.2013 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 22.04.2013 година и со оваа Одлука изнесува 80,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,558 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 22.04.2013 година. Така цената на М-1 НС изнесува 40,801 ден/кг.
„Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56%, односно за 0,35% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 22.04.2013 година.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 101,066 $/барел и е за 0,39% повисока од просечната цена на сурова нафта (100,668 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 47,2534ден/$ и е за 0,18% повисок од курсот на доларот (47,1694 ден/$) по кој беа формирани цените.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,47% или за 4,325$/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,75% или 6,30 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,57% или за околу 3,263 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.“ - стои во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика