Сејдини: Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово нема да се одложи, jа следиме состојбата со надлежните органи
Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово нема да се одложи, но доколку надлежните органи одлучат дека има опасност од коронавирусот, тогаш мечот ќе се игра без навивачи. Вака изјави претседателот на Фудбалската федерација, Мухамед Сејдини за ТВ21.
-Тоа е светски тренд. Јас се сретнав со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Тој ме увери дека е тешко да се најде друг слободен датум за натпреварот. Ние ќе ја следиме состојбата со надлежните органи и ако дојде до такво нешто, можно е да се игра без публика. Но, мечот како и да е ќе се одигра“, изјави Сејдини.
05.03.2020 - 20:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа