Бучковски: Прашање е дали Албанците ќе сакаат да го сменат Ахмети како што го сменија Груевски

Заев знае дека ја плати политичката цена кај Македонците за компромисот со Преспански договор и Бугарија и начинот на кој поминаа уставните измени и Законот за ЈО. Македонците имаат неподелено мислење дека сепак ВМРО-ДПМНЕ и патриотизмот се уште не е романтизам. Туку податлива алатка за избори. Мицкоски упорно игра на таа алатка. Тука ја прави стратешката грешка што му дава предност на Заев.

-Мицкоски со таа кампања „никогаш северна-само Македонија“ смета дека ќе ги освоие оние 20-30 илјади тврдокорни. Сепак, трката е кој ќе освои 50 пратеници и кој ќе добие можноста да преговара со Албанците за да се добие 61 потпис. Албанците покажаа дека доколку не гласаат може да се променат многу работи. Прашањето е дали Албанците ќе сакаат како што го сменија Груевски, сега да го сменат Ахмети, вели Бучковски.

Универзитетскиот професор и поранешен премиер додава дека СДСМ ќе има голем број пратеници од помалите етнички заедници, односно околу 15.

-СДСМ ако претендира да освои 50 пратеници, веќе во старт имаат 4 пратеници Албанци од Беса, доколку ги ставиме власите, србите, египќаните, ромите, Заев во коалицијата ќе има 15 пратеници од другите етнички заедници и дополнително плус оние од СДСМ, вели Бучковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега