Трипуновски: Димковски доделил едно земјоделско земјиште на двајца различни земјоделци, одговорност ќе има

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, обелодени уште еден сериозен скандал од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски од СДСМ, каде што доделил едно земјоделско земјиште на двајца различни земјоделци.

Се работи за јавен повик од 2018 година, односно јавен повик 01/18 од 2018 година каде што актуелниот министер Трајан Димковски на предлог на едена иста Комисија по истиот повик доделува земјоделско земјиште на двајца различни земјоделци. Тоа е класично прекршување на законите на законите и процедурите и таа комисија која што му предложила на министерот а тој ги потпишал договорите, прави едно сериозно отстапување од она што значи законско работење. Едниот договор е потпишан на 19.07. 2018 а пак другиот на 23.07 2018 година, истакна Трупуновски.

Тој најави дека за овој случај ќе поднесе соодветна пријава, укажувајќи дека законите мора да важат подеднакво за сите.

 

За ова ќе поднесам соодветна пријава бидејќи сметам дека законите треба да важат за секој, вели Трипуновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега