КОРОНАВИРУС: Леброн нема да игра без публика

 

Една од најголемите ѕвезди на НБА лигата најави дека нема да игра, ако поради коронавирусот натпреварите бидат без публика.

Леброн Џејмс вели дека нема да излезе на паркетот ако Лос Анџелес Лејкерс мораат да играат без публика поради коронавирусот.

Во петокот НБА побарала од тимовите да се подготват за можноста натпреварите да се играат без присуство на навивачи.

-Да играме без публика? Едноставно не, рече Џејмс по победата на Лејкерс над Милвоки.

Вели дека причината поради која игра е публиката.

-Ако се појавам на терен и таму нема публика, нема да играм, рече Леброн.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2020 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега