Цистерна со 35.000 литри бензин се запали на автопатот Белград-Ниш
На автопатот Белград-Ниш во текот на минатата ноќ се случил вистински хорор кога камион-цистерна на белградска транспортна компанија што превезувала 35.000 литри бензини, се запали кај мостот на Морава меѓу Јагодина и Ќуприја.
Како што јави Танјуг, возачот на цистерната изјавил дека не знае како дошло до пожарот. - Во еден момент почувствував пламен позади себи, го паркирав каминот и повикав полиција и пожарникари, изјави возачот.
За среќа нема повредени лица, а огнот бил изгасен по еден час. Пожарникарите успеале „да спасат“ 20.000 литри, додека 15.000 литри изгореле.
19.10.2013 - 10:16
Фото:
Региони.мк