Втор ден вонредна состојба во Србија- вечерва ќе се одлучува за воведување полициски час
За време на првиот ден по објавување на вонредна состојба во Србија, донесна е низа на нови мерки поради непочитување на предупредувањата на надлежните институции, посебно за препораката за изолација на загрозените групи, па најавено е дека од денес може да се воведе и полициски час.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, не ја исклучува можноста земјата вечерва да воведе подрастични, „најтешки“ мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Брнабиќ рече за „Пинк“ дека голем број граѓани вчера не ги сфаќале сериозно препораките и мерките на Владата и додаде дека се чини дека ситуацијата денес е подобра, но дека не е ни приближно добра.
„Не ја исклучувам можноста вечерва да донесеме одлука за порастични, најтешки мерки, особено за постарите граѓани.“
Таа рече дека состојбата со коронавирус во Србија е комплицирана.
„Имаме комплицирана ситуација од ден на ден. Ние продолжуваме да го одржуваме ова под контрола благодарение на превентивните мерки што ги воведовме. Благодарние на групата епидемиолози и инфектолози кои ги собра претседателот Александар Вучиќ пред првиот заразен пациент, изјави премиерката.
Брнабиќ рече дека е потврдено дека 65 лица биле заразени со коронавирусот, додавајќи дека 31 лице биле во домашна изолација, додека другите биле на болничко лекување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа