Црна Гора ги регистрираше првите случаи со коронавирус

 

Во Црна Гора потврдени се првите случаи со коронавирус, соопшти премиерот Душко Марковиќ и порача дека нема место за паника.

-Станува збор за две жени, родени 1948 и 1973 година. И двете во претходниот период биле во подрачја погодени од епидемијата, истакна Марковиќ.

Според него, Црна Гора е земја која има најмногу тестирања во регионот.

-Ова е таква болест. Една пациентка дошла од САД, и тоа пред 12 дена, друга од Шпанија и била под надзор, посочи Марковиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега