Во Австрија два скијачки центри под карантин- засега три позитивни теста, можни се и повеќе заразени

 

Откако минатата недела под карантин беа ставени местата Санкт Антон ам Арлберг и регионот Пацнаунтал, синоќа два скијачки центри во покраината Тирол, Австрија се изолирани.

До 2ри април под строг карантин се ставени местата Зелден им Ектал и Санкт Кристоф ам Арлберг.

Претседателот на провинцијата Тирол, Гунтер Платер рече дека има три позитивни тестови за луѓето од Зелда и дека не се исклучува можноста за нови случаеви.

Што се однесува до Санкт Кристоф, местото беше ставено во карантин бидејќи неколку лекари  се заразиле за време на конгресот на тоа место.

Санкт Кристоф е град со 40 жители, а Солден е општината која е најголема територијално во Австрија.

Платер ги повика сите луѓе што се на овие две места да волонтираат во последните две недели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега