Министер од Република Српска позитивен на коронавирусот - „Во домашна изолација сум, добро се чувствувам“

 

Министерот за европска интеграција и меѓународна соработка на Република Српска, Златан Клокиќ потврди дека е позитивен на коронавирусот.

-Јавено ми е дека сум позитивен на коронавирус. Во домашна изолација сум и добро се чувствувам, без никакви симптоми, без зголемена температура и без кашлица, изјавил Клокиќ.

Министерот додал дека му било кажано да биде во контакт со дежурната епидемиолошка служба и да ги извести за сите контакти со кои комуницирал или има допир.

Синоќа во Република Српска се потврдени седум нови случаи на Ковид-19 со што вкупниот број на заболени е 27 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега