Заразени лекари премолчеле дека биле на скијање во Австрија - доктори во Хрватска постапиле неодговорно
Тројца хрватски лекари се заразени со коронавирус, и покрај јасните упатства, премолчеле дека викендов го поминале во Австрија и поради тоа ќе бидат санкционирани, изјавил првиот човек на клиниката Ребро, Анте Чорушиќ.
„Ќе бидат санкционирани. Засега тројца се заразени, уште едно лице е под сомнение. Три отсто од вработените во Ребро поради нив се во зиолација, тоа се 140 лица. Сето тоа се случи поради неодговорност“, рекол тој.
Претходно хрватските медиуми јавиле дека станува збор за двајца лекари од КБЦ Загреб, а третиот е од Психијатриската болница Врапче.
Докторната од Дневната болница во Врапче е позитивна на коронавирусот, повторила директорката од таа болница Петрана Бречиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа