Коронавирусот на некои површини може да опстане и до 28 дена- што треба да направите

 

Како се шири Ковид-19 низ светот така расте и стравот кај луѓето од различни површини. Па сега насекаде низ светот луѓето се обидуваат да ја отворат вратата со лактот, или оние кои користат јавен превоз избегнуваат да се фатат за држачите, а службеницие секое утро ги дезинфицираат своите бироа.

Во подрачјата кеде се најподогени од коронавирусот се испраќаат и тимиви во заштитни одела за да ги дезинфицираат трговските , улиците и парковите. Режимот за чистење во канцелариите, болниците и рестораните се проширени и построги, додека во неки градови пак се чистат и банкоматите.

Како и многу респираторни вируси, вклучително и грип, COVID-19 може да се шири преку ситни капки од носот и устата на заразено лице кое кива и кашла. Едно кашлање може да произведе до 3.000 капки. Овие честички можат да паднат на други луѓе, нивната облека и површините околу нив, додека некои од помалите честички остануваат во воздухот. Постојат докази дека вирусот трае подолго од фекална материја, така што секој што не ги мие рацете после употреба на тоалетот, може да загади се што допираат.

Центрите за контрола и спречување на болести сметаат дека преносот што се јавува при допирање на загадена површина или предмет, така што луѓето не се главниот начин на ширење на вирусот. Како и да е, ЦДЦ, Светската здравствена организација и другите здравствени институции препорачуваат: миење на рацете, чистење и редовно дезинфицирање на површините со кои најмногу се допирате се клучни за спречување на ширење на КОВИД-19, пренесува Би-Би-Си.

До неодамна, не беше јасно колку долго САРС-Cov-2, вирусот што ја предизвикува болеста Covide-19 може да преживее надвор од телото на човекот. Некои студии спроведени на други коронавируси, вклучувајќи MERS и САРС, откриле дека тие можат да преживеат на метал, стакло или пластика до девет дена, доколку овие површини не се правилно дезинфицирани.

Некои вируси, на ниски температури, можат да траат до 28 дена.

Група научници направи еден од првите тестови за да открие колку SARS-CoV-2 може да преживее на различни површини.

Студијата што сè уште не е објавена во научно списание, покажува дека кога некое лице кашла, вирусот во воздухот може да преживее и до три часа. Капките со големина од 1-5 микрометри, триесет пати помали од ширината на едно човечко влакно, може да опстанат во воздухот и до три часа.

Студијата откри дека вирусот САРС-КоВ-2 преживува на картон до 24 часа и два до три дена на пластични и не'рѓосувачки челични површини.Ова сугерира дека вирусот опстојува долго на кваките, ламинатот и пластифицирани површини додека Истражувачите откриле дека бакарни површини го неутрализираат вирусот по само четири часа.

Истражувачите откриле дека коронавирусите можат да се неутрализираат во рок од една минута ако површините се дезинфицираат со 62-71 проценти алкохол, 0,5% водород пероксид или домашно белило кое содржи 0,1% натриум хипохлорит.

Високите температури и влажноста, исто така, покажуваат добри резултати кога станува збор за брзо неутрализирање на другите коронавируси, иако истражувањето покажало дека поврзаните коронавируси предизвикани од САРС можат да убијат температури над 56 ° C, во просек 10,000 вирусни честички на секои 15 минути.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега