Експертите советуваат: Бадијала сте ги миеле рацете ако го носите ова - претставува легло на бактерии и зарази

 

Миењето раце, дезинфекцијата на работните површини, носењето маски....станаа секојдневна рутина.

Сепак, експертите предупредуваат на една работа која сите ја носиме, а можеби не би требало.

Станува збор за накитот кој оневовозможува ефикасно миење на рацете и дезинфекција. Првенствено тоа се однесува на прстените и бразлетните, тврдат експертите.

Имено, истражување спроведено во Универзитетот во Џорџија покажало дека лицата кои носат накит не можат доволно да одржуваат хигиена затоа што кожата под накитот останува заштитена од дезинфекција и станува идеално место за развивање бактерии. Освен тоа докажале дека лицата кои не носат накит ги мијат своите раце подобро од оние кои носат. Средството за дезинфекција исто така е помалку ефикасно поради накитот.

Ако сепак не сакате да го вадите наикотот, експертите препорачуваат дека со миење раце со сапун и топла вода треба да се измие и накитото за да бидете сигурни дека сте го дезинфицирале од сите бактерии.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега