Девојче од 12 години на респираторна машина во САД- никој не знае како се разболела

 

12- годишно девојча по име Ема се бори за живот во американскиот град Атланта, откако тестот покажал дека е позитивна на коронавирусот, пренесува СНН, повикувајќи се на нејзиниот роднина Ентони Џастин.

Ентони за медиумите рекол дека на 15 март на Ема и била дијагностицирана невмонија, а резултатите во петок минатата недела покажале дека е позитивна на вирусот.

Таа моментално е на респираторна машина и нејзината состојба е стабилна, додал Ентони.

Ема инаку немала дијагностицирано никаква болест претходно.

Таа исто така во скоро време нема излегувано надвор од државата, па затоа не е познато како се заразила со коронавирусот, додал Ентони.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега