Атина: Во карантин испратени 14 полицајци- Заболен од корона им плукал во лице
Четиринаесет грчки полицајци се ставени во карантин по инцидент во Атина, кога маж кој тврди дека е заразен со коронавирус им плукал во лице.
Како што пренесува агенцијата АНА, мажот (26) е уапсен вчера во јужна Атина заради кршење на ретровизори на автомобили.
Тој на полицајците им рекол дека во Атина неодамна се вратил од Лондон и дека со тестови е утврдено дека е позитивен на коронавирус. Меѓу обвиненијата подигнати против него се наоѓа и непочитување на обврските на самоизолација во период од 14 дена.
23.03.2020 - 15:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа