И покрај прогласената пандемија со коронавирусот, во четири држави сѐ уште се игра фудбал
Минатиот викенд, на општо изненадување со оглед на ширењето на коронавирусот, почна новата фудбалска сезона во Белорусија. Но, поранешната советска република не е единствена во која најважната споредна работа во светот во моментот и пркоси на пандемијата на Ковид-19.
Денеска, на пример, фудбал се играше или се игра во уште три земји во светот од кои две се европски. Закажани се осум натпревари од пријателски карактер и тоа во Русија, во Шведска и во Боцвана.
24.03.2020 - 21:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа