Фудбалер на Брајтон заразен со коронавирус
Членот на Премиер лигата, Брајтон откри за случај на заразен фудбалер со коронавирус. На еден од фудбалерите му била дијагностицирана болест, но извршниот директор Пол Барбер одби да го открие неговото име. Неколку се пожалиле на симптоми а тројца биле тестирани, но само еден од нив бил позитивен. Веста беше објавена на прес-конференција преку Интернет.
Играчите на „галебите“ не тренираат заедно, откако секој следи индивидуална програма дома.
Тренерот Греам Потер призна дека неговата сопруга исто така се жали на карактеристичните симптоми за болест КОВИД-19, оставајќи го целото семејство изолирано.
Вчера Брајтон објави дека ќе донираат најмалку 1.000 билети на натпреварите на составот за следната сезона на персоналот на Националната здравствена служба на Англија и нивните семејства. Со тоа, клубот би сакал да им се заблагодари на лекарите за нивниот придонес во борбата против пандемијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа