Епл и администрацијата на САД работат на апликација за коронавирусот
Компанијата Епл во соработка со администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и федералните агенции работат на изработка на мобилна апликација и интернет сајт за коронавирусот.
Апликацијата и интернет сајтот на корисниците ќе им даде упатства од државниот Центар за контрола и превенција на болести за коронавирусот, соопштија денеска и Епл и Белата куќа.
Апликацијата која ќе биде достапна под името „COVID-19“, а корисниците ќе можат да поставуваат прашања за симптомите, местата кои што се жаришта и фактори на ризик, а потоа же им се пружи упатство од Центарот за превенција и контрола на болести.
Користејќи официјални информации, апликацијата исто така ќе дава одговори на често поставуваните прашања за коронавирусот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа