Владиката Милутин од СПЦ ја загуби битката со коронавирусот
Епископот ваљевски г. Милутин од Српската православна црква (СПЦ) почина на 79-годишна возраст како резултат на коронавирусот.
Како што пишуваат српските медиуми, владиката Милутин починал во 2 часот по полноќ во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград.
Милутин бил позитивен на Ковид-19 заедно со уште двајца свештеници од неговата епархија. Од неговиот Кабинет уште веднаш соопштија дека никаква делегација, свештеници или верници не ја посетиле епархијата во последно време, а како што посочија, и самиот епископ не патувал во ниту едно кризно подрачје погодено од коронавирусот.
„Владиката Милутин се зарази со вирусот одејќи и служејќи во својата епархија како достоен пастир, како што половина од својот век го потроши, служејќи му на Бог“, велат од Ваjeевската епархија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа