Тага во Италија: Поранешен европски шампион во бокс ја загуби битката со Ковид-19

 

Во Италија со новиот коронавирус досега се заболени 97.689 лица,  а меѓу 10.779 жртви е и поранешна спортска ѕвезда, поранешен шампион во боксот, Анџело Ротоли.

На 61-годишна возраст, тој почина во Бергамо, еден од најтешко најпогодените градови во оваа епидемија, а за да бииде трагедијата на семејството уште поголема, од коронавирусот починаа и неговата мајка и неговиот брат.

Ротоли беше шампион на Италија и Европа во минатото во крузер категорија, а во 1987 година го освои ВБЦ појасот.

Во текот на кариерата имаше 35 борби, а победи во 30, додека запиша и три порази и две нерешни борби.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега