Вработете се во македонската Влада за плата од 35.000 денари

 

Агенцијата за администрација објавува јавен оглас за вработување на 141 државни службеници во Владата на РМ Секретаријат за спроведување на Рамковниот Договор:
1.Државен советник за стручна и оперативна поддршка - (1) - плата:35.443.00 денари;
2.Помлад соработник за стратегија, планирање и следење, Одделение за стратегија, планирање и следење- (100) - плата:20.170.00 денари;
3.Помлад референт за стратегија, планирање и следење, Одделение за стратегија, планирање и следење - (40) - плата:12.655.00 денари.
Рокот за доставување на пријавите изнесува (8) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот. Кандидатите можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК, во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 Комисија за селекција на државен службеник (со назнака за оглас број 161/2013) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

 

 

20.10.2013 - 21:45

најчитано сега