Руските епидемиолози предупредуваат: Грешка поврзана со коронавирусот многу ја прават, а може да предизвика сериозни последици

 

Лекарите во Русија повикуваат да се престане со набавка на антивирусни лекови. Тие тврдат дека е подобро граѓаните воопшто да не ги купуваат без препорака на лекар.

Откако ги наполнија полиците со брашно и тоалет хартија, многу го свртеа своето внимание кон аптеките. Со истиот фанатизам сега во аптеките некои Руси купуваат антивирусни лекови.

Лажни медицински експерти додаваат масло на огнот со совети дека „полесно се фаќа коронавирусот без антивирусни лекови“.

– Масовното купување на антивирусни лекови без лекарски рецепт и без лекарска препорака нема смисла, а во најдобар случај е губење на пари. Во најлош случај, земање на такви лекови може да предизвика автоимуна болест, рекол Иља Акинфев, епидемиолог.

Лекот за коронавирусот се уште не е создаден. Додека светот го чека, едноставни, но ефикасни правила ќе помогнат во смалување на ризикот од болеста Ковид-19: редовно миење на рацете и користење на средства за дезинфекција.

Во борба против пандемијата мораа да се уклучат и психолозите заради хистеријата што е настаната од лажните вести.

– Еве препорака: Пробајте, дури и со сила, да го ограничите своето присуство на социјалните мрежи. Ако сметате дека сте премногу анксиозни, намалете го читањето на вестите за коронавирусот – објаснил социјалниот психолог Алексеј Рошин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега