Хрватска ги олабавува мерките: Епидемијата е спречена во вистинско време
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави „релаксирање“ на рестриктивните мерки воведени поради ширењето на вирусот Ковид-19.
Тој денеска изјави дека во првата фаза Хрватска реагирала многу добро зашто во вистинско време мерките го забавиле ширењето на вирусот и најави олабавување на мерките.
Пленковиќ по состанок со здравствени експерти од Хрватска и странство изјави дека 16 луѓе починале, а стапката на смртноста е многу ниска во првите неколку недели, пренесува загребски Индекс.
Пленковиќ рече дека рестриктивните мерки мора да се спроведуваат, но оти е постигнат добар баланс.
-Мораме да ги спроведуваме рестриктивните мерки, но со што е можно понормално фунцкионирање на стопанството. Целта е релаксираните мерки да не ја загрозат епидемиолошката ситација, рече Пленковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа