Треба ли да се мијат намирниците донесени од продавница - хрватски доктор со совет за граѓаните

 

Директор на Заводот за јавно здравство на Хрватска, Крунослав Цапак на Н1 телевизијата одговарал на прашања за коронавирусот, пренесува Индекс.хр

Меѓу другото, појаснил дали треба да се мијат намирниците од маркетите.

„Дезинфекциските средства се моќно оружје. Антисептиците и дезинфекциските средства ни помогнаа да сузбиеме многу болести. Меѓутоа, ставање се и сешто доведува до ситуации кога ги уништуваме корисните бактерии и ја уништуваме околината. Потенцијално создаваме супербактерии одпорни на дезинфекциски средства. Затоа, внимателно со нив. Граѓаните ги советувам кога ќе донесат намирници кои не се редени со ракавици, да ги измијат. Така коронавирусот тешко се пренесува. Она што ќе го донесете од маркет, што термички се обработува не пренесува биолест, вирусот се разградува на 70 степени Целзиусови. После допирање нешто што некој друг допирал треба да се измијат раце. Дезинфицрање во маркетите е невозможно после секој корисник. Подобра мерка е да се мијат рацете“, рекол Цапак.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега