Српската докторка Нада Мацура со совет како да се заштитите од вирусите: Даде рецепт кој го зајакнува имунитетот

 

Нада Мацура е секако една од најпознатите докторки во цела Србија, која како лекар и портпарол на Итната помош во Белград, за гледачите на ТВ „Студио Б” секој работен ден на Утринската програма им даваше корисни совети за здравјето. Таа се користи со „народен јазик” за да можат и оние помалку образованите граѓани јасно да ја разберат

Нада Мацура е родена 1948 година во Фрушка Гора, каде пораснала со својата шест години постара сестра, таткото Лазар и маќеата Анка.

Според нејзините зборови, смртта на нејзината биолошка мајка била една од главните причини поради кои се одлучила за медицината како свој животен повик. Истата година кога починала мајка и бил пронајден првиот антибиотик пеницилин.

Во новонастанатата ситуација со коронавирусот, таа вели дека внесот на витамините сега е најпотребен.

„Внесот на витамините е од исклучителна важност! Организмот мора да има силен имунитет за да може да ја поднесе секоја временска промена.

Моја препорака е да направите салата, витаминска бомба! Едноставно се приготвува, а исклучително е здрава! – вели докторката Мацура и го открива својот рецепт.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-јаболко

-портокал

-морков

-цвекло

-ѓумбир

-лимон

ПОСТАПКА:

Сите состојки иситнете ги, исечкајте ги или изрендајте ги, па прелијте ги со лимонов сок. По желба можете да додадете и маслиново масло.

Со редовно конзумирање на витамини ќе го зајакнете својот организам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега