Играчите на Реал Мадрид доброволно ги намалија своите плати
Речиси сите клубови во Шпанија одлучија да ги намалат платите на своите играчи со цел никој од вработените во клубот да не добие отказ.
Барселона меѓу првите клубови ги скрати платите и тоа за 70 проценти, со цел клубот колку-толку да избегне финансиски удар, како и да ги сочува работните места на останатите вработени кои ќе добијат полни плати благодарение на тоа.
Иако во Реал Мадрид неодамна порачаа дека нема потерба да се намалуваат платите на играчите бидејќи има доволно пари за сите, се чини дека брзо се предомислија.
Имено „Кралскиот клуб“ потврди денеска дека се договориле со играчите за намалување на платите во износ од 10 проценти. Фудбалерите на првиот тим на Реал Мадрид и играчите на Кастиља ги прифатија овие мерки, исто како и кошаркарите на „Кралскиот клуб“.
Реал порача дека на тој начин останатите вработени ќе бидат сигурни кога станува збор за работните места и ќе добијат целосни плати. Исто ткаа, доколку сезоната не продолжи тогаш играчите ќе прифатат намалување од 20 проценти.
„Играчите и тренерите на фудбалската и кошаркарската секција, заедно со тренерите и докторите, доброволно прифафтија намалување на примањата за оваа година. Во зависност од тоа кога и на кој начин ќе заврши сезоната 2019/20, намалувањата ќе бидат помеѓу 10 и 20 проценти. Управниот одбор на клубот силно ја поддржува оваа одлука која ја смета за примерна. Со оваа одлука се избегнуваат трауматични мерки, бидејќи комерцијалните акции на клубот се парализирани“, стои во соопштението на Реал Мадрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа