Грција уште еднаш го повтори ставот - Македонија не треба да почне преговори со ЕУ

 

Нема никаква смисла Македонија сега да почне преговори, земајќи го предвид нивото на односите со соседите во овој временски период. Тоа би било контрапродуктивно.

Ова го изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Куркулас во интервју за Бугарското национално радио.

- Од интерес на европската перспектива на Скопје е тие да сфатат дека треба да изберат – или да ги подобрат односите со соседните земји, или да го одложат присоединувањето кон ЕУ, вели заменик министерот за Бугарското национално радио.

Куркулас додава дека Грција не е изненадена што ЕК по петти пат ја повтори препораката за старт на преговори со Македонија. Според него, грчките власти „го почитуваат мислењето на ЕК, но оти според нив, добрососедските односи се многу важен елемент од Копенхашките политички критериуми.

Тој вели дека Грција навистина сака Македонија да влезе во ЕУ и НАТО, но, како што вели, само под услов да ги исполни критеримуите.

Куркулас смета дека компромисот кој го предложила официјална Атина во врска за прашањето за името, е чесен за двете земји. Грција, вели дипломатот, сега чека реакција од Скопје.

- Но, загрижени сме затоа што Владата таму изгледа воопшто нема намера да го подготвува своето јавно мислење за овој компромис. Напротив,  тие продолжуваат со препишување на историјата, што создава проблеми како за Грција, така и за Бугарија. Не мислам дека тоа е европски пристап за да ја градиме нашата заедничка иднина, рече Куркулас.

Грчкиот заменик министер тврди дека Грција не гледа непријател во МАкедонија и, како што вели, сака да се во пријателски односи .

- Едноставно, не можеме да водиме конструктивни преговори со земја , чија Влада се однесува како да сме негов непријател . Ова е спротивно на основните европски принципи. Очекувам од властите во Скопје да сфатат и да ни помогнат за да им помогнеме, рече Куркулас.

Куркулас, во интервјуто за бугарското радио вели дека Грција ќе продолжи со обидите да ја објаснува својата позиција.

- За Грција тоа не е прашање на бројка или на мнозинство во Европскиот совет . Тоа е прашање на принципи и ние ќе се држиме до нив, рече Куркулас.

21.10.2013 - 10:37

најчитано сега