Краделе што им дојде при рака - приведена група крадци од струмичко

Неколку лица од селото Муртино во струмичко се товарат дека извршиле неколку тешки кражби. Се работи за Т. А. (31), С. З. (24), А. Н. (28), Ж. Н. (19), Д. В. (19), З. Ј. (31), Н. П. (21) како и малолетните А. Т. М. З. и М. И.  кои со употреба на погодени предмети ограбиле две училишта, три викендици, куќа, кафе бар, амбуланта и патничко возило.

Разбојниците успеале да одземат шест компјутери со монитори, 10 тастатури, 50 мауси, спортска опрема, електрични апарати, акумулатори, воздушна пушка, муниција и разновиден алат.

На тој начин групата крадци направила штета од 391.250 денари.

21.10.2013 - 13:11
Фото: 
Денешен

најчитано сега