Корисно видео – наједноставниот начин како да ја скратите вашата коса дома
Кога сопственикот на Јутјуб каналот Tips for Clips – Haircutting, пред 4 години на Јутјуб поставил туторијал за потстрижување на коса на мажите, не ни помислувал дека во 2020-та година неговото видео ќе стане апсолутен хит и ќе му биде потребно на целиот свет.
Во видеото, фризерот за 4 минути објаснува како со машинка да се потстрижите и притоа да направите добар премин од најкратките влакна (на долниот дел од главата), до најдолгите влакна (на горниот дел од главата).
Пред да тргнете во ‘авантурата’ на домашно потстрижување на мажите, потребно е да го погледнете ова корисно видео.
Фризерот објаснува како потстрижувањето треба да го започнете во долниот дел на главата, и да продолжите со бројот 1 на машинката. Со тоа треба да ја потстрижите косата до линиите над увото.
Потоа ја ставате машинката на број 3 и со неа ги отстранувате влакната од горниот дел на главата. Кога ќе завршите со горниот дел, продолжете со број 2 на машинката и со неа поминете над линијата која што го спојува делот од главата со кратката коса и оној дел со подолгата...
Погледнете го видеото за да ви биде јасно:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа