Ниедна членка на ЕУ не побарала враќање на визите за Македонија

Потпаролот на еврокомесарката за внатрешни работи, Сесилија Малстром,Микеле Черконе, денеска за МИа изјави дека ниту една од земјите-членки на Европската унија досега не побарала повторно воведување визи за Република Македонија или некоја од земјите од Западен Балкан. Со оваа изјава, гласноговорникот на комесарката задолжена да го спроведе ова можно барање на некоја од земјите-членки, ги отфрла грижите за Македонија.

- Досега нема барање за можна активација на „заштитната клаузула” за евентуална суспензија на безвизниот режим за која било земја, вели Черконе за МИА.

Ова е уште една потврда за успешното справување со лажните азиланти на македонската Влада, што пред неколку месеци го истакна и Европската канцеларија за статистика (Евростат), која Македонија не ја стави во десетте земји што имаат безвизен режим со ЕУ, а од каде пристигнале нејмногу барања за азил во некоја од земјите-членки на Унијата.

 

21.10.2013 - 13:33
Фото: 
Денешен

најчитано сега