Грците гневни - кандидат за советник на Солун не нарече Македонци

Грците гневни на кандидатот за советник на градоначалникот Јанис Бутарис, Дионисис Катраница поради тоа што не нарекол Македонци.

Во својот говоро на настанот „Иницијатива за Солун“ Дионисис Катраница не нарекол Македонци, а на прашање зошто го сторил тоа, одговорил дека  „тие себеси се нарекуваат граѓани на Македонија и треба да го почитуваме тоа како дел од билатералните односи“.

„Катраница ниту ја повлече својата изјава, ниту ја коригира“, коментираат некои националистички информативни портали.

Со својата изјава кандидатот за советник ја разгневи грчката јавност и предизвика лавина негативни коментари и на социјалните мрежи.

21.10.2013 - 13:37
Фото: 
брејкингнет

најчитано сега