Кои се кандидатите што ќе се борат за Претседател на Македонија?

На 5 месеци пред претседателските избори, партиите ги кријат кандидатите кои ќе се борат за 5 годишен престој во Вилата Водно. Иако ниту една од политичките партии не излегува со конкретни имиња, голем дел од нив потврдуваат дека ќе истрчаат на претседателската трка. Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се добие информација дали актуелниот претседател Иванов ќе добие можност за нов 5 годишен мандат. Партијата согласно воспостваената пракса одтржува внатрепартиски избори на кои се олучува за тоа кој ќе биде кандидатот на изборите. Во отсуство на иформации се шпекулира со поеќе имиња, меѓу кои и името на актуелниот министер за финаснии, Зоран Ставрески, бизнисменот и поранешен дипломат, Срѓан Керим, а своја кандидатура на внатрепартиските избори во ВМРО-ДПМНЕ најави и професорот Јове Кекеновски. 
Слична е ситуацијата и во опозициската СДСМ. Партијата веќе ги почна консултациите со коалиционите партнери околу кандидатот за претседателските избори, но конкретни имиња не се откриваат. Неофицијално во игра се поранешниот Гувернер на Нардоната банка, Петар Гошев, професорот Стево Пендаровски. Лидерот Заев рече дека најверојатно ќе се бара натпартиски кандидат кој ќе биде прифатлив за сите.
Свое учество на изборите најави и новата партија на Стевчо Јакимовски. „Громовци“ потврдија дека ќе кандидираат свој човек но и неговото име се уште не се соопштува. 
Кандидатур најави и Стојанче Ангелов. Иако не потврди дека тој ќе биде кандидат на партијата Достоинство, сепак, станува извесно дека доколку ги собере потребните 10.000 потиси, сам ќе влезе во претседателската трка. 
Молк владее и во албанскиот политчки блок. Интегртивците на Ахмети не откриваат дали воопшто ќе предложат свој кандидат или пак во замена за своите гласови, ќе се обидат да издејствуваат Албанец кај некоја од македонските политчки партии. Тука воигра влеува името на професорот Мерсел Биљали за кого веќе има и страна за поддршка на Facebook. Со оглед на неговите релации со партиите од македонскиот политчки блок, не се исклучува можноста тој да биде кандидат на опозицијата. 
Дали ДПА ќе испрати свој кандидат на изборите или пак ќе поддржат некој од веќе предложените од Тетово се уште нема одговор. 
Изборите ќе се одржат во март следната година. За некој од кандидатите да стане Претседател на Македонија, потребно е во вториот изборен круг на гласање да излезат најмалку 40% од гласачите.

21.10.2013 - 13:24

најчитано сега