Лука Јовиќ ќе добие уште една шанса за да се докаже на „Сантијаго Бернабе“
Реал Мадрид ја одбил понудата на Арсенал за трансфер на Лука Јовиќ во Лондон откако Зинедин Зидан одлучил дека напаѓачот кој пристигна во Мадрид минатото лето да добие шанса и во следната сезона во составот на „Кралевите“.
Според медиумите во Шпанија, Јовиќ останува во планот на Зидан а потрагата по нов напаѓач ќе продолжи, па сѐ уште во игра се трансферите на Мбапе и на Халанд.
Арсенал во меѓувреме ќе мора да бара друга алтернатива за Обамејанг кој најави дека ова лето ќе се обиде да го напушти Лондон, за него интерес има од Барселона, ПСЖ, Интер и од Манчестер Сити.
Покрај Арсенал, за Јовиќ интерес имало и од Челси и од Тотенхем но како што пренесува „АС“, Реал е решен да го задржи поранешниот офанзивец на Ајнтрахт Франкфурт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа