ССНМ со остра реакција за пресудата на Кежаровски

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска остро реагираше за пресудата на новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски.

- Пресудената казна за новинарот Томислав Кежаровски, која е поголема и од онаа изречена за првообвинетиот е пресуда на целата новинарска фела и таа сама по себе кажува се. Таа го отсликува односот на судската власт кон правото на новинарот да го брани јавниот интерес, сметаат од синдикатот.

ССНМ со индигнација ги отфрла аргументите дека Кежаровски  е осуден за кривично дело, а не за новинарски ангажман и смета дека со неговата пресуда во Македонија на новинарите им е порачано дека им е одземен суштинскиот елемент на професионалниот интегритет.

21.10.2013 - 15:21
Фото: 
plsuinfo

најчитано сега