Со само една намирница велигденските јајца ќе изгледаат магично: Ги замотала во фолија и без вештачки бои добила мермерни јајца
За овие магично виолетови велигденски јајца со мермерна шара ви е потребна само една намирница.
Без вештачки бои и многу труд – ова е една од наједноставните техники за фарбање јајца, а сè што ви е потребно е сушен цвет односно чај од хибискус.
Потребни состојки:
- сирови бели јајца
- 80 гр. чај од хибискус (мерка доволна за 10 јајца)
- 1 лажичка алкохолен оцет
- стреч фолија
Во сад ставете вода и додадете го хибискусот и оцетот. Кога водата ќе зоврие, ставете ги јајцата и оставете да се варат на тивок оган. Кога ќе се сварат и кога на нив ќе забележите боја, тргнете ги од огнот.
Изведете едно јајце, ставете го на стреч фолија и на него ставете неколку цветови хибискус кои се вареа во водата. Замотајте го јајцето заедно со цветовите во фолијата и оставете да отстои околу половина час. Потоа одмотајте го, оставете да се исуши и премачкајте го со масло.
Ваквата шара добиена со природна техника потполно ќе ве воодушеви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа