Министерката Јанкулоска во неколкудневна посета на Кина
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, од утре престојува во неколкудневна работна посета на Народна Република Кина.
Предвидено е македонската министерка да оствари средба со Гуо Шенгкун, државен советник и министер за јавна безбедност на Кина, додека во среда ќе ја посети Специјалната Полициска Академија за вооружени полициски сили на Н.Р. Кина.
Јанкулоска ќе има и работен состанок со директорот и поважни функционери на Бирото за Јавна Безбедност на водечкиот град по број на жители во светот, Шангај.
21.10.2013 - 15:26