ВИДЕО: Доказ дека зевањето е заразно

Еве уште еден доказ каде покажува дека зевањето е заразно.

Група  научниците откриле дека и шипанзата може да се „ заразат“ од зевањето на луѓето.

Научниците од Универзитетот во Лунд утврдија дека подложноста на шимпанзата на зараза од зевање се развива постапно со текот на годините, како и кај луѓето. Кај младите шимпанза се покажало дека не реагирале на зевањето на истражувачите, додека тие повозрасните од пет години зевале без престанок.

Емпатијата притоа не игра преголема улога затоа што шимпанзата зевале без разлика дали надразнувањето доаѓало од ним познати лица или странци.

И децата почнуваат да реагираат на зевање околу петата година од животот, во времето кога почнува да се појавува однесување поврзано со емпатија и способност за точно препознавање на туѓите емоции.

Поранешните истражувања покажаа дека и кучињата исто така зеваат во друштво на луѓето, во желба да емпатизираат со својот господар.

21.10.2013 - 15:40

најчитано сега