Груевски: Менаџмент етика ќе продолжи на сите нивоа

 

Премиерот Никола Груевски најави развивање и продолжување на концептот Менаџмент етика и по сектори и регионално, за, како што рече, пораките да допрат до сите вработени.

- Ќе се развива концептот и по сектори и регионално за да допре до секој поединец, член на администрацијата, за секој да биде вклучен во овој голем реформски процес и да биде вклучен во имплементацијата која значи реформа и на суштината и на духот и свеста, реформа која е од интерес за секој член од општеството. Ќе продолжиме со работа на оваа тема со конкретни мерки и активности кои нудат нов квалитет, порача Груевски на промоцијата на концептот Менаџмент етика, на кој присуствуваа раководните лица од сферата на државната и јавна администрација.

Премиерот посочи дека е убеден дека со овој пристап ќе се обезбеди подобар квалитет на работата.

21.10.2013 - 15:45
Фото: 
Новатв.мк

најчитано сега